Услови за користење

Последна измена: 3 ноември 2026

Со користење на Run&Win се согласуваш со овие услови. Апликацијата ја нуди Ванчо Ѓорѓиев, Северна Македонија (info@runandwin.online).

1. Кој може да игра

Лица од 16 години и повеќе. Регистрацијата и трките се можни само од Северна Македонија. Една сметка по лице.

2. Фер игра

3. Почитување

Без навредливи имиња, слики или пријави; без вознемирување на други играчи. Сликите што ги покажуваш мора да се твои и пристојни. Лажните пријави може да доведат до забрана.

4. Безбедност

Внимавај на сообраќајот и околината, почитувај ги прописите, не влегувај на приватен или опасен простор и не гледај во телефонот додека се движиш. Играш на сопствена одговорност; прашај лекар ако имаш здравствени проблеми. Калориите се само проценка.

5. Мерки

При кршење на условите можеме да дадеме опомена, да ја блокираме сметката привремено или трајно, или да ги избришеме сликите и територијата.

6. Услугата

Run&Win е бесплатна игра, без реклами и плаќања. Се трудиме да работи постојано, но не гарантираме дека секогаш ќе биде достапна или без грешки. Можеме да ја менуваме играта (правила, бодови) или да ја прекинеме.

7. Бришење

Сметката можеш да ја избришеш во секое време (упатство). Обработката на податоците е опишана во политиката за приватност.

8. Право

Важи правото на Република Северна Македонија. Ако ги смениме условите, ќе те известиме во апликацијата.