Политика за приватност

Последна измена: 3 ноември 2026

Оваа политика објаснува кои лични податоци ги обработува апликацијата Run&Win и веб-страницата runandwin.online, зошто, колку долго и какви права имаш. Се применува Законот за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија (усогласен со GDPR).

1. Кој е одговорен

Контролор на податоците: Ванчо Ѓорѓиев (Vancho Gjorgjiev), Северна Македонија. Контакт за сè што е поврзано со приватноста: info@runandwin.online.

2. Кои податоци ги собираме

3. Зошто (правна основа)

4. Што гледаат другите играчи

Твоето име, боја, град, ниво и ранг, твојата територија на мапата и твоите трки како збирни бројки (вкупно растојание, време, број на трки, проценка на калории за 70 kg). Твојата нова територија и трки ги гледаат дури по 3 часа, за да не се гледа каде си во моментот; „последно активен“ е само датум. Ако ги вклучиш сликите, ги гледаат и нив. Никогаш не ја гледаат твојата е-пошта, презиме, година на раѓање, тежина, домашна зона или GPS-рута.

5. Со кого споделуваме

Податоците не ги продаваме и не ги користиме за реклами. Апликацијата нема реклами и нема алатки за следење или аналитика од трети страни. Обработувачи кои ни помагаат: Contabo GmbH (сервер, Германија, ЕУ) и Namecheap (е-пошта за кодовите, САД). Администраторите, за да ја водат услугата и да решаваат пријави, ги гледаат податоците на сметката (е-пошта, име и презиме, година на раѓање, град), збирните бројки од трките и проверките против мамење, мерките и пријавите, и сликите ако се јавни. Никогаш не ја гледаат GPS-рутата, домашната зона или тежината. Е-поштата за кодовите ја испраќа Namecheap од САД (само адресата и името).

6. Колку долго

7. Безбедност

Целата комуникација е шифрирана (HTTPS). Најавата на телефонот се чува во безбедниот простор на Android (Keystore). Резервните копии се шифрирани (снимките на целиот сервер кај хостингот не се, но се чуваат најмногу 30 дена). Пристапот до админ-делот бара лозинка и код од апликација за автентикација.

8. Твоите права

Имаш право на пристап, исправка, бришење, ограничување, пренос на податоците и приговор, како и да ја повлечеш согласноста. Сметката ја бришеш сам во апликацијата (упатство); за сè друго пиши ни на info@runandwin.online од е-поштата на сметката. Одговараме во рок од 30 дена. Имаш право на жалба до Агенцијата за заштита на личните податоци (dzlp.mk).

9. Деца

Апликацијата е само за лица од 16 години и повеќе.

10. Дозволи на телефонот

Локација (за снимање трка, само додека трката трае, со известување на екранот), камера (за селфи, само кога ти сакаш) и известувања. Ниту една дозвола не се користи во позадина надвор од трка.

11. Измени

Ако ја смениме оваа политика, новата верзија ќе биде на оваа страница со нов датум, а за важни измени ќе те известиме во апликацијата.