Бришење на сметка

Последна измена: 3 ноември 2026

Можеш да ја избришеш својата Run&Win сметка и сите податоци за неа во секое време.

Во апликацијата (најбрзо)

  1. Отвори ја Run&Win и најави се.
  2. Оди во Профил и на дното притисни Избриши ја сметката.
  3. Потврди. Сметката е избришана веднаш.

Без апликацијата

Испрати е-пошта на info@runandwin.online од е-поштата со која си регистриран, со наслов „Бришење на сметка“. Ти одговараме на таа адреса за да потврдиш дека си ти (бидејќи е-пошта лесно се лажира), а по потврдата ја бришеме во рок од 7 дена.

Што се брише

Сè: сметката (е-пошта, име, презиме, година на раѓање), PIN-от и најавите, трките и нивните бројки, територијата, достигнувањата, домашната зона, тежината и сликите на серверот, и пријавите против тебе. Пријавите што ти си ги испратил остануваат без твоето име. Остануваат само: запис за акциите на администраторите со случаен број (без име и е-пошта), случајниот број во известувањата на другите играчи, и за забранети сметки, шифриран отпечаток од е-поштата за да не може повторно да се регистрира. Во резервните копии и снимките на серверот податоците остануваат најмногу 30 дена, а потоа се бришат.